Владимир Трпаноски избран за потпретседател на Балканската џудо асоцијација

Владимир Трпаноски избран за потпретседател на Балканската џудо асоцијација

Претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски во следните пет години ќе ја извршува функцијата потпретседател на Балканската џудо асоцијација.

Трпаноски ја доби поддршката од најголемиот број од делегатите кои учествуваа на денешниот состанок во Кожани, Република Грција. Покрај Трпаноски, на состанокот присуствуваше и потпретседателот на Џудо федерацијата, Благоја Гешоски.

Највисоките претставници на македонската Џудо федерација присуството во Кожани го искористија за да го проследат отворањето на Балканското првенство за пионери и пионерки, како и дел од натпреварите на македонските џудисти.

Прочитајте повеќе

Во среда во Крушево започнува меморијалниот турнир во мал фудбал „Сотир Мазар“

Во среда во Крушево започнува меморијалниот турнир во мал фудбал „Сотир Мазар“

Во среда, 13.08.2025 година во 18 часот започнува меморијалниот турнир во мал фудбал „Сотир Мазар …