Владина делегација предводена од премиерот Заев, ќе отпатува во работна посета на Кралството Белгија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров, на 19.03.2019 година, вторник, ќе престојуваат во еднодневна работна посета во Брисел, во седиштата на ЕУ и НАТО.

Владината делегација во Европската Комисија на ЕУ ќе учествува во работата на Комитетот за стабилизација и асоцијација, со кој ќе претседава премиерот Заев, а во седиштето на НАТО е предвидена билатерална средба со Генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Во Европската Комисија ќе се одржи прес-конференција на премиерот Заев со високата претставничка на ЕУ и еврокомесарка за надворешни работи и безбедност Федерика Могерини и со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, а во седиштето на НАТО е предвидена заедничка прес-конференција на премиерот Заев и Генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Прочитајте повеќе

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во …