Чернигов

Владислав Атрошенко, градоначалник на Чернигов: Ова е целосен масакр!

Градоначалникот на украинскиот град Чернигов, Владислав Атрошенко објави видео од автомобил кој минува низ градот и на кој се гледаат целосно уништени куќи, додека од некои од нив се уште извира густ чад.

„Градските гробишта немаат повеќе простор, па мртвите ги чуваме во мртовечници и ладилници подолго од вообичаеното. Ги закопуваме на стари гробишта кои не се користеле извесно време“, вели Атрошенко.

На прашањето на лицето кое го снимило видеото колку лица загинале досега, градоначалникот рече дека градот не води статистика, но дека сите случаи ќе ги решава обвинителството.

„Тука имаше директен удар. Таму гори трактор. Во моментов сме во воена зона. Многу е опасно да се биде овде“, вели Атрошенко.

Чернигов со недели е под силен напад на руските сили.

Околу 150.000 жители од овој украински град веќе неколку денови се оставени без струја, а локалните власти предупредуваат дека ги трошат и последните резерви на вода за пиење.

Весникот „Гардијан“ јавува дека од денеска за жителите на Чернигов ќе се воведат рестрикции за вода, при што еден жител би можел да добие максимум по 10 литри вода дневно.

Со бомбардирањето на мостот на реката Десна, прекината е и последната рута за прием на хуманитарна помош за овој град.

Прочитајте повеќе

Сите македонски претседатели - од Глигоров до Пендаровски

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски

Од 1991 година досега, петмина претседатели избрани од парламентот и од народот ја имале привилегијата …