Влатко Ѓорчев назначен за национален координатор за демографија и млади

Влатко Ѓорчев назначен за национален координатор за демографија и млади

Лилјана Затуроска е национална координаторка за локална самоуправа, Влатко Ѓорчев е национален координатор за демографија и млади, а Верче Мицевска ќе ги координира работите поврзани со безбедноста на храната.

Ова било одлучено на една од последните владини седници, кога била донесена одлука да се отворат три нови позиции за национален координатор.

Владата претходно го назначи и Павле Трајанов за национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, Блерант Рамадани за национален координатор за примена на нови технологии и Солза Грчева за национален координатор за реформи во високото образование.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

полиција МВР

Опожарени три автомобили во Битола

Како што велат очевидци најпрво се слушнал силен тресок пред да избувне огнот. Ветрот го …