Влез во Србија, Црна Гора и БиХ само со ПЦР тест не постар од 48 часа

Влез во Србија, Црна Гора и БиХ само со ПЦР тест не постар од 48 часа

Владата на Република Северна Македонија ги известува граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со КОВИД-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји.

Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа.

Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемилошка состојба во регионот, во деновите кои следат ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Северна Македонија, без ПЦР тест

Прочитајте повеќе

Гордана Силјановска: Од Либерална партија и Демократска Алтернатива, до претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Гордана Силјановска: Од Либерална партија и Демократска Алтернатива, до претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Гордана Силјановска Давкова била член на Либерална партија (ЛП), во 1998 година станува дел од …