ВМРО-ДПМНЕ преку судска спогодба му се извини на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, за, како што стои во спогодбата, клевети објавени на Фејсбук страната на партијата и преку прес конференција.
– Првин ќе ве напаѓаат, после ќе ви се извинат, а би сакал да дојде момент кога меѓусебно ќе се пофалиме за сработеното. 11 извинувања за 11 обвинувања од страна на ВМРО- ДПМНЕ
– за непотизам
– за кумски врски
– за присвојување на материјална корист
– за незаконско работење
– за се што требаше да доведе до мое деградирање на професионален и личен план.
Наместо да се впуштам во „ѓаволско докажување” на обвинувањата одговорив со тужби за клевета кои завршија со спогодби преку кои се извинија за се што беше изнесено во јавноста.
Нека е ова правна пракса за тоа како треба да изгледа политички дијалог и решавање на меѓусебни обвинувања, напиша Рашковски на Фејсбук.
Извор: Слободен печат