ВМРО-ДПМНЕ да не ја штити и итно да ја разреши директорката на Козле

ВМРО-ДПМНЕ да не ја штити и итно да ја разреши директорката на Козле

Соопштение за јавност на СДСМ

СДСМ бара итно разрешување на Каролина Симовска, директорка на Клиниката за респираторни заболувања кај децата – „Козле“.

Целото функционирање на единствениот Оддел за бронхоскопија во државата кој се наоѓа на Клиниката во „Козле“, е доведено во прашање после 40 години поради Симовска, а штетата и за децата и за вработените.

Последен е случајот со докторката Јосифова. Со 27 годишно искуство оваа врвна докторка дрско е избркана од работа и оставена на улица, само затоа што се борела за детски живот.

Посветена, искусна лекарка, која што загрижена за здравје на дете присуствувала при успешна лекарска интервенција Симовска ја брка.

Ова е мобинг од невидени размери и класична неправда овозможена од ДПМНЕ.

Па добро кој ќе ги лечи децата? Имате ли грам осет вие дека деца ќе нема кој да лечи? Или партијата ви е пред детските животи?

СДСМ за овие драматично лоши состојби како и за однесувањето на Симовска веќе алармираше но очигледно власта ја штити.

Врвни специјализирани доктори за бронхоскопија, водејќи се од морална и етичка свест, веќе си дадоа оставки поради скандалозното однесување на Симовска.

На клиниката има и проблеми со неопходни „баскет“ апарати и други материјали.  Самоволието на Симовска уништува многу животи а загрозува детски животи.

Здравјето на децата нема цена и нема партиска припадност. Симовска мора веднаш да биде разрешена.

Прочитајте повеќе

„Кој е следен?“ најави јавен онлајн состанок пред Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

„Кој е следен?“ најави јавен онлајн состанок пред Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

Протесното движење „Кој е следен?“ ќе присуствува на седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита …