ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот на СДСМ за изградба на речно корито на градската река во Прилеп

ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот на СДСМ за изградба на речно корито на градската река во Прилеп

  • СДСМ поднесе амандман со кој бара средства за изградба на речно корито на нерегулирани водни текови на градската река во Прилеп. Ова подразбира проектирање и изградба на канал со уредно поплочено корито и заштитен ѕид на речното корито, од местото Маркова чешма до местото Жабино маало, како и уреден кеј со зелени парковски содржини, патеки, и урбана опрема, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на комисијата за финансирање на буџет.

Таа истакна дека, ова ќе биде придобивка за граѓаните од Прилеп, бидејќи со тоа ќе се намали загадувањето во градот, а и граѓаните ќе имаат парк и површина каде што ќе можат да се одморот и да се рекреираат.

Заменик министерот за финансии и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, го одбија и овој амандман на СДСМ.

Прочитајте повеќе

Борозан: Не поминуваат манипулациите на Мицкоски, за проневерата на 5,5 милиони евра мора да постапи Обвинителството, не ДКСК

Борозан: Не поминуваат манипулациите на Мицкоски, за проневерата на 5,5 милиони евра мора да постапи Обвинителството, не ДКСК

Прес-конференција на Маја Серафимовска Борозан, СДСМ Отворањето предмет од ДКСК за можен судир на интереси …