На синоќешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески, заменик генерален секретар, бил разрешен од функцијата.
Богојески беше фракционер и еден од лидерите не реформаторите, кој во своите јавни настапи ги критикуваше политиките на сегашното и претходното раководство.
Според информациите од партијата, Богојески бил сменет поради “непрофесионално вршење на должноста, несовесно извршување на задолженијата и повреда на партиските начела“.