ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „пресекоа“: Од утре ќе вршат блокада на Собранието

Најавуваните закани на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го блокира Собранието ако не се одговори на нејзините барања за преговори за предвремени избори од утре ќе станат реалност.

Како што соопшти координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, денеска на координативна средба, на која присуствувал и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, е договорено од утре да се спроведува одлуката на Извршниот комитет на партијата за блокада на собраниското работење.

„Епилогот активна блокада уследува откако претходно Ковачевски и Владата одбија дијалог во четири клучни области за граѓаните, економија, здравство, образование и меѓународна политика со акцент на блокадите од Бугарија, и како природно решение на сите овие проблеми, разговор за датум за предвремени избори и соочување со волјата на граѓаните“, порача Мицевски.

СДСМ ваквата одлука ја нарече „Неодговорна, штетна и анти-државна“.

Најголемата опозициска партија обвини дека блокадата е по нарачка на Никола Груевски, за „државата да има дополнителни проблеми во време на најголема светска економска и енергетска криза“.

„Собранието не е пазар туку законодавен дом во којшто се носат закони од интерес на граѓаните. Не може Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се пазарат кој закон ќе го блокираат а кој не. Сите закони блокирани од опозицијата се закони од интерес на државата и за добро на граѓаните и тоа е факт“, смета СДСМ.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …