Мицкоски преку создавање алиби дека не ги контролира пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, топката за пазарање ја префрла директно во дворот на Груевски, тврдат извори во опозициската партија.

„Ова не се лични ставови на пратеници, туку усогласен и добро разработен план, кој се спроведува со точно утврдена динамика“. Вака извор од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го објаснува ненадејниот наплив од изјави на дваесетина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои во рок од само неколку часа преку нивните фесјбук-профили објавија дека нема да гласаат за уставните измени во Собранието, без разлика каков ќе биде исходот на референдумот.

Нивните искази почнаа да се редат уште истата вечер кога партискиот лидер Христијан Мицкоски во дебата на ТВ „21“ децидно изјави: „Ако референдумот биде успешен и мнозинството гласа во насока на поддршка на референдумското прашање, ситуацијата е јасна, ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го почитува“.

„Да, изгледа нелогично, но е сосема логично“, објаснува нашиот соговорник од партијата, откривајќи ги мотивите за ваквата лавина од изјави.

„Нема мистификации. Мицкоски официјално мора да остави ‘конструктивна слика’ дека не повикува на бојкот, туку секој сам да реши како ќе постапи. Но практично мора да направи силна мотивација за бојкот. Најдено е решение тоа да се оствари преку пратениците: тие да повикаат на бојкот и да кажат дека нема да гласаат за уставните измени. Мицкоски ќе се правда дека не ги контролира пратениците бидејќи се избрани во мандатот на Груевски и дека се уште му се лојални нему. Со тоа адресата за пазарење ја насочува директно кон Груевски, а тој останува со чисти раце. Тоа е тоа“, вели партискиот извор.

Истовремено, не е загрижен што ваквата двојна игра е прилично проѕирна.

„Проѕирна или непроѕирна, ние со тоа не се оптоваруваме. Нас ни е битно да успее бојкотот“, дециден е тој.

Целиот текст објавен на Дојче Веле прочитајте го Тука