ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот картел на врхушката го притиска бизнисот

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот картел на врхушката го притиска бизнисот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта, не само што не ги исполнила ветувањата за подобар живот за сите граѓани, туку и лажела дека ќе обезбеди просечна плата од 30.000 денари. Наспроти тоа, како што велат од партијата, „животот во Македонија дојде само за криминалниот картел составен од Заеви, Анѓушев и врхушката на власт“.

ВМРО-ДПМНЕ вели дека одраз на тоа е и „притисокот“ кон стопанствениците да исплаќаат повисоки плати.

„Криминалниот картел наместо да се посвети на создавање на подобра бизнис клима во која што компаниите ќе бидат попродуктивни и ќе може да исплаќаат поголеми плати, се посвети на полнење со пари на личните и семејните фирми. Затоа сега одлучија да го применат нивниот добро познат метод на притисок, уцени и закани кон приватните стопанственици да ги зголемат платите дури и да нема економска логика, односно да се предизвика дополнителна штета од ваквиот чекор. Новата мерка веројатно ќе помогне само да се подобрат платите во фирмите на Заеви и Анѓушев. Заев и Анѓушев треба да одговорат колку работници има во нивните фирми кои земаат нето плата до 18.000 денари, односно ги исполнуваат условите од мерката со која што 30% од покачувањето на платите, фирмите би го покриле од државата“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Власта брза да го смени Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Власта брза да го смени Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Според сегашната директорка на Агенцијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен …