Сдсм знаме

ВМРО-ДПМНЕ лаже, Филипче ниту поседува ниту го поседувал возилото „Ауди“

Соопштение за јавност на СДСМ

Соочени со целосна безидејност, секојдневни скандали кои ја тресат Владата и вистината за Кочани која покажа дека за најголемата трагедија одговорна е власта, ВМРО-ДПМНЕ секојдневно фабрикува лаги за претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Целосно е неточно тврдењето дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, поседувал такво возило од марка „Ауди“. Тоа е чиста лага. Возило никогаш не било ниту во негова сопственост, ниту сега, ниту во минатото.

Целиот имот на Венко Филипче е уредно и транспарентно пријавен во анкетните листови. Тоа е реалноста.

Не е прв пат ВМРО-ДПМНЕ со евтини и провидни измислици да се обидува да наметне лажни сомнежи за наводна корупција, без трошка доказ, без факт – само со политичка злоба. Затоа што вистинските скандали се во дворот на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ нема ниту идеи, ниту резултати, власта секојдневно ја тресат скандали, па единственото што им преостанува е црна кампања против Филипче.

Овие очајнички обиди да го оцрнат Венко Филипче покажува колку ги плаши.

ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со лагите и да одговори на вистинските прашања – кога Тошковски, Јанев и Мицкоски ќе поднесат оставки за трагедијата во Кочани?

Прочитајте повеќе

Кина најавува воена обука со Србија, Брисел го предупредува Белград

Кина најавува воена обука со Србија, Брисел го предупредува Белград

Првата заедничка обука на српската и кинеската армија е нов чекор за двете земји во …