ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи кандидати на изборите во Штип и Пласница, но бара оставка од владата

ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи кандидати на изборите во Штип и Пласница, но бара оставка од владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за телевизија „Алфа“ изјави дека неговата партија нема да учествува на изборите за градоначалник во општините Штип и Пласница. Наместо ова, Мицкоски бара оставка од Зоран Заев и формирање на техничка влада, влада на национален спас или широка влада.

Мицкоски истакна дека Извршниот комитет на партијата одлучил да не му предложи на Централниот комитет кандидати за градоначалници за учество на локалните избори, кои е предвидено да се одржат во Штип и Пласница на 13 декември.

– Ценам дека свесното втурнување во опасност и загрозувањето на животите на граѓаните не е политика што ВМРО-ДПМНЕ ја подржува, ние се спротивставуваме на ваквите девијантни однесувања во политиката – изјави Мицкоски, посочувајќи на состојбата со ковид-19 во земјава.

Сепак, и покрај ова, Мицкоски бара повторно, по втор пат годинава, да се формирала влада на национален спас, бидејќи „државата е во амбис“, на дневна основа имало катастрофа, девастиран здравствен систем, образованието било ужас и буквално ништо не функционирало.

Од владејачката партија СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ е антидржавна партија, која води сметка само за сопствените интереси на сметка на државните и интересите на граѓаните.

„На само три месеци по изборите ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бараат вонредни избори, а бегаат од изборно соочување на предвремени локални избори во Штип. Толку од сериозноста на Мицкоски, тој е политичар кој немаше став за најважните прашања, а денес неговите изјави веќе не можат да се земат со никаква сериозност“, велат од СДСМ.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

Воспоставувањето на паралелни структури кои ја поткопуваат севкупната безбедност и стабилност на земјата се против …