ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Ковачевски сами да си поднесат кривични пријави

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Ковачевски сами да си поднесат кривични пријави

Генералниот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски, и раководството на СДСМ сами на себе да си поднесат кривични пријави за загрозувањето на здравјето на битолчани и животната средина, како што правеа кон претходното раководство, порача ВМРО-ДПМНЕ денеска.

– Раководството на ЕЛЕМ, покрај директната одговорност што ја има со лошото менаџирање со водостојот на Охридското Eзеро, со што неколку дена под вода се поголем дел од улиците и објектите во Охрид, со своето нестручно работење деновиве повторно од незнаење и недобро менаџирање и негрижа предизвикува уште една еколошка катастрофа со расејување на пепелта од депонијата од РЕК Битола низ цела Пелагонија – вели Олга Лозановска од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

Таа рече дека Ковачевски и власта очигледно заборавиле на ветувањето за чистиот воздух и здравата животна средина „што им беше главна порака на изборите за добивање на гласовите на битолчани“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Мијалков

Нов обид за продажба на становите на Мијалков, година без конфискуван имот од крупни предмети

Агенцијата за управување со одземен имот во повторена постапка ќе се обиде да продаде дел …