ВМРО-ДПМНЕ три дена ќе блокира три клучни сообраќајници во Скопје од 15 до 17 часот

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре, задутре и прекутре, во периодот од 15 до 17 часот, според најавите за протест од партијата ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидат блокирани раскрсниците „Мавровка“, „Нова Македонија“ и кај Собрание.

Од МВР најавија дека за сообраќај ќе бидат затворени:

  • Крстосницата помеѓу булевар „Гоце Делчев“ и булевар „Крсте Петков Мисирков“ (ТЦ Мавровка);
  • Крстосницата помеѓу бул.„Св. Климент Охридски“ и ул.„Св.Кирил и Методиј“ (зграда на Нова Македонија);
  • Крстосницата помеѓу ул.„11-ти Октомври“ и ул.„Филип Втори Македонски“ (Градска болница).

Секторот за внатрешни работи Скопје (СВР Скопје) ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените и околните сообраќајници, и се апелира до граѓани и возачите да ги почитуваат полициските наредби.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …