Конески Koneski

Во 2021 година Македонија одбележа јубилејни 100 години од раѓањето на Блаже Конески

На 19 декември, 1921 година е роден најистакнатиот македонски книжевник, поет, академик, лингвист и најголемиот македонски литературен и културен одблесок што сведочи за развојот на Македонија и нејзината македонистика. Годината што изминува беше година проследна со низа настани во кои професори, филозофи, лингвисти, уметници, сликари, музичари и сите останати интелектуалци оддадоа почит врз неговото творештво коешто остави трага.

Програмата што беше делумно планирана и најавена, а делумно подоцна инспирирана, ја одбележи 2021 година преку следните настани и прилози.

Делото и творештвото на почитуваниот македонски академик треба да се разбира, осознава, негува и пречитува постојано и секојдневно, знаејќи дека претставува културно богатство со непроценлива вредност за македонската литература. Тој ги остави зад себе „Македонскиот правопис со правописен речник“, „Граматиката на македонскиот јазик“, кога пишувајќи ги трите книги за „Речникот на македонскиот јазик“ го опеа „Мостот“ меѓу „Земјата и љубовта“ што како „Везилка“ го везеше неговиот пат кон „Средбата со рајот“ и останатите многу други.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …