По добиени оперативни сознанија на директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасески и во строга координација со раководителите на РЦ Запад, на устието кај реката Сатеска во Охридско езеро, пресретнат е пловен објект – глисер, при што се запленети 150 кг опојна дрога марихуана.

Дрогата е запленета после поставената заседа од страна на езерската полиција и припадници на криминалистичката полиција. Во моментов се преземаат дополнителни оперативни мерки за пронаоѓање на сите лица кои се инволвирани во нелегалниот транспорт на опојни дроги преку Охридско езеро.

Ова е уште една во низата акции на директорот на БЈБ и директорот Тасески, во насока на расчистување со наркоклановите и ставање точка на нелегалните активности во кои се вртат стотици милиони евра, пари кои подоцна се перат преку купување на недвижности.