Во амбасадата во Будимпешта попови истерувале духови, крстови се цртале над вратите

Во амбасадата во Будимпешта попови истерувале духови, крстови се цртале над вратите

Министерството за надворешни работи вчера обелодени дека со реконструкцијата и со купувањата на објекти на дипломатско-конзуларни претставништва, се направени злоупотреби бидејќи објектите се плаќале по нереално високи цении се правеле фиктивни реконструкции.

Во амбасадата во Будимпешта попови истерувале духови, крстови се цртале над вратитеНајголем дел од набавките што се спорни, се случиле во периодот од 2007 година до 2010 година кога министер за надворешни работи беше Антонијо Милошоски.

Како што објаснуваат упатените, тоа што Милошоски вели дека тој не ги носел одлуките, туку комисија, не го амнестира од одговорност, бидејќи тој како министер и одговорно лице треба да следи како таа комисија работи. Дополнително, велат упатените, од документите и изјавите може да се види дека комисијата всушност само реализирала насоки добиени од повисоко ниво.

Иако не се направени точни пресметки, сепак, проценките се дека две третини од 50 милиони евра буџетски пари што биле одобрени за оваа намена, всушност се злоупотребени, односно наместо пет амбасади, ако се работело домаќински, ќе можеле да се купат 15.

Извори од процесот, како најпроблематично, го посочуваат тоа што се купувале објекти што не можеле да се користат. Интересен е случајот со  амбасадата во Будимпешта каде биле викани попови да ја осветуваат, бидејќи внатре се крцкало, а над вратите имало закачувано крстови. Се утврдило дека целата амбасада била полнета со пурпена, односно дека објектот бил во катастрофална состојба, а пред продажбата бил само „нашминкан“.

Обвинителството ќе треба да утврди и како една адвокатска канцеларија се јавува во сите случаи, односно како таа канцеларија отворала преставништва во сите градови каде сме купувале амбасади.

Извор: Слободен печат

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …