Пред 77 години, на 3 мај беше разбиен првиот партизански одред „Пелистер“, при што во нерамна борба во Ореовската корија загинаа неколкумина борци од овој одред. На местото на настанот, во селото Ореово, каде животот го положија Ордан Михајлоски-Оцка од Прилеп, Елпида Караманди-Бисера од Битола, Јосиф Јорданоски-Јоска од Прилеп, Мара Јосифоска-Ѓурѓа од Прилеп, Димитар Николовски-Таки Даскало од Битола и Димче Хаџипоповски од Битола, денес цвеќе положи градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, како и претставници на Сојузот на борци од Битола и од Прилеп.
По церемоијата на полагање свежо цвеќе во селото Ореово, на плоштадот „Магнолија“ се одржа Свечена академија по повод разбивањето на првиот партизански одред „Пелистер“. Учениците од ОУ „Елпида Караманди“, со пригодна програма, го одбележаа овој датум од македонската историја. Од плоштадот „Магнолија“, децата заедно со својата наставничка, испратија порака дека мирот и слободата се најскапоценоите нешта кое човек ги поседува. Симболично, со песната „Гулаби бели“, во небото над Магнолија се вивнаа неколку гулаби, за да го означат патот на слободата кој ние денес го живееме, благодарјќи им на оние кои ги положиле своите животи во име на нашиот мир и слобода.