Во близина на Киев откриена масовна гробница со над 900 тела

Во интервју за полски медиум, претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека во регионот на Киев е откриена масовна гробница со повеќе од 900 тела. Притоа, Зеленски рече дека руските војници отстрануваат траги и користат мобилни крематориуми за палење тела.

Украина претходно ги обвини руските војници дека убиле стотици цивили во Буча, Бородјанка и Ирпин недалеку од Киев, кои со недели се под руска окупација.

Во својата изјава Зеленски истакна дека и покрај злосторствата, тој е подготвен да разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

Прочитајте повеќе

Тројца мртви и двајца ранети во пукање во Канада

При пукање во Винипег, Канада, три лица загинаа, а две се тешко повредени, соопшти локалната …