Во четврток, 29 јули во Скопје ќе се одржи Економскиот форум за регионална соработка, на иницијатива на премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија, Еди Рама.
Организиран од владите на Северна Македонија, Србија и Албанија во партнерство со стопанските комори во трите земји, Форумот вклучува политички и економски обраќања на тројцата лидери, економски панел со претседателите на стопанските комори, како и активности за вмрежување меѓу компаниите од регионот.