Во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, изложба на скулптури од уметникот Емил Солески

Во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, изложба на скулптури од уметникот Емил Солески

Во петок, 13 декември во 19.30 часот, во ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на скулптури „Музички орнаменти“, од прилепскиот уметник Емил Солески.

Се работи за збирка од десеттина скулптури работени во мермер, во периодот од последните неколку години. Изложбата е проект подржан од Министерството за култура.

 За делата од најновата продукција на Емил Солески, Никола Јованоски ќе напише:

„Солески се претставува со нова димензија, спој на музиката и каменот, спој на звукот и нескршливоста, преточени во форми кои наликуваат на музички инструменти, а од кои некаде во нашата потсвест ѕуни екот на каменот и ни пренесува пораки од дамнини. Солески на еден препознатлив, за него, начин, со совршено мазни линии во скулптурата ги слеал размислите на раѓањето, на звукот и неговото брановидно пренесување низ просторот и времето. Да, велам и во времето бидејќи неговите безвременски форми во било кој простор и во кое било време ќе го доловуваат звукот на каменот. А пламенот? Да, пламенот во уметниковата душа е оној што постојано не’ тера да се нурнуваме кон непознатото и да создаваме за иднината“.

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …