Во голема акција на полицијата од десетици земји разбиена огромна криминална група и уапсени стотици криминалци

Во акција на полицајци од Европа, САД, Австралија и Нов Зеланд се извршија стотици апсења низ целиот свет за време на масовна операција против организираниот криминал.

Австриската федерална полиција и ФБИ ги следеле комуникациите на криминалците и илјадници шифрирани пораки биле дешифрирани во реално време за период од три години

Во акцијата наречена „Тројански штит“, пораките се следеле преку апликацијата АНОМ преку која криминалците комуницирале кодирано, но истата била следена од ФБИ.

Во Австралија, за време на операцијата, биле извршени 224 апсења во сите делови на земјата, биле одземени 3,7 тони дрога, повече од 100 парчиња огнено оружје, 45 милиони австралиски долари. Во Нов Зеланд се приведени 35 лица, за трговија со дрога и перење пари, а запленети биле 2,6 милиони американски долари.

Истрагата се одвивала во 18 земји, а уапсени се стотици членови на терористички групи, мафијашки организации и мото-банди.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …