Нацрт-законот за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа денеска ќе го разгледа Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент.

Нацрт законот во саботата беше доставен до грчкиот Парламент, а се очекува да се изгласа до петок.

Претседателот на парламентот, Никос Вуцис, претходно ќе одржи состанок со потпретседателите за да се одреди парламентарната процедура, односно колку состаноци ќе одржи комисијата и кога ќе биде закажана пленарната седница.

Нацрт-законот кој е предложен од Министерството за надворешни работи на Грција содржи три члена.

Првиот член е потпишаниот договор во целост, вториот член се однесува на покревање на нивото на Канцеларијата за врски во Скопје во амбасада и на Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат. Третиот член објаснува дека законот стапува на сила по објавувањето во Службен весник, а договорот по ратификацијата согласно членот 20.

Извор: МЕТА