Во камион во Тексас пронајдени 46 мртви мигранти

Во камион во Тексас пронајдени 46 мртви мигранти

На периферијата на Сан Антонио, во американската сојузна држава Тексас, во камион се пронајдени десетици тела на мигранти.

Локалната противпожарна служба во Сан Антонио соопшти дека во камионот имало тела на 46 мигранти, а 16 луѓе биле пронајдени живи и однесени се во болница. Меѓу преживеаните има и четири деца. Шефот на пожарникарите, Чарлс Худ, изјави: „Пациентите кои ги видовме беа прежешки за да можеме да ги допреме, страдаа од топлотни удари.“

Во приколката на камионот немало вода. Според Худ, камионот бил всушност со ладилник за транспорт, но системот за ладење не бил вклучен. Вчера локалните метеоролошки станици измериле температури од околу 40 степени Целзиусови, при голема влажност на воздухот.

Најверојатно сите жртви, како што се вели, биле мигранти кои во САД влегле илегално. Мексиканското Министерство за надворешни работи соопшти дека се утврдува дали во случајот се вмешани мексикански државјани.

Три лица се уапсени

Според американските безбедносни служби, три лица се уапсени. Криумчарите со луѓе користат камиони за во САД да внесуваат мигрантиод Латинска Америка и за тоа наплаќаат високи суми. Американскиот претседател Џо Бајден при преземањето на функцијата вети дека ќе бидат понудени повторно поедноставни легални начини за влез во САД. На крајот на 2021 година, меѓутоа, повторно стапи во сила правило од времето на Доналд Трамп, според кое барателите на азил мора да чекаат на обработка на своето барање во Мексико.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Во тајната, проширена руска лабораторија за биооружје

Во тајната, проширена руска лабораторија за биооружје

Малку забележаните видео снимки прегледани од рускиот сервис на РСЕ фрлаат светлина врз таен воен …