Во касарната „Мирче Ацев“ одбележан Денот на АРМ

Денот на Армијата на Република Македонија, 18.Август, денеска беше одбележан
и во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп. Свое обраќање пред војниците и
старешините од прилепскиот гарнизон, претставници на Општина Прилеп,
општинскиот Совет, локалните самоуправи од Пелагонискиот регион, МВР,
Општинскиот Сојуз на борци, јавните претпријатија и други јавни институции од
градот, имаше командантот на гарнизонот, потполковник Ивица Цветковски.


Потполковник Цветковски истакна дека Армијата на Република Македонија е еден
од главите стожери на македонската државност и главен гарант на македонската
сувереност.

„АРМ е тука кога е најтешко, во првите редови во заштита на граѓаните и одржувањето на безбедноста и мирот. Клучна улога во справување со предизвиците на денешното време, како што е бегалската криза и ангажирањето на АРМ на јужната и северната граница во асистенција и поддршка на силите на
МВР, чие ангажирање продолжува и понатаму, имаше и се’ уште има Армијата на Република Македонија. Не само што го чува суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на државата, туку ја зацврсти и националната безбедност и сигурност на македонските граѓани“, истакна во своето обраќање потполковник Ивица Цветковски.

Исто така, командантот на прилепскиот гарнизон потенцираше дека освен што
Армијата е столбот на нашата држава, таа често пати извршува и задачи за
поддршка на други институции. Стратегиската определба на АРМ и на секој нејзин
припадник, како што истакна потполковник Цветковски, е полноправно членство во
структурите на евроатлантските безбедносни организации, ЕУ и НАТО.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …