лабораторија тестирање ковид-19

Во Кина нов вирус што предизвикува треска и малаксаност, најверојатно е пренесен од животно

Научници во источна Кина следат нов вирус што најверојатно е пренесен од животни, а досега со него се заразени 35 лица, јави Би-Би-Си.

Новиот Лангја хенипавирус (LayV) е идентификуван кај пациенти во кинеските провинции Шангдонг и Хенан. Кај значителен број од 35-те пациенти се појавиле треска, малаксаност и кашлица. Се смета дека вирусот им го пренеле ровки (мали животни налик на глувците), а досега нема докази дека (LayV) може да се пренесува од човек на човек.

Според она што за Њу Ингланд Џурнал оф Медисин го изнел еден од научниците што го следат новиот вирус, досега нема смртни случаи и сериозни компликации кај заразените, „па нема потреба од паника“.

Тој објаснува дека вирусот е идентификуван кај 27 отсто од ровките што биле тестирани, и иако не треба премногу да се стравува од новото откритие, сепак човештвото треба да биде на штрек, оти многу вируси во природата би можеле да донесат непредвидливи резултати, ако на некој начин бидат пренесени на луѓето.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …