Во Кривичниот суд ќе се пуштаат снимките од претепувањето на Села

Во Кривичниот суд ќе се пуштаат снимките од претепувањето на Села

На годишнината на упадот и крвавите настани во Собранието, денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да продолжи судењето за случајот за обидот за убиство на лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадн Села. На денешното рочиште треба да се гледаат фотографии и видеа од претепувањето на Села кои се дел од доказите во обвинението.

На претходното рочиште кое се одржа во средата, Обвинителството побара од листата докази да се повлечат дел од фотографиите и видеата, а како причина се наведе повторувањето на содржината со други докази. Исто така, надлежниот обвинител предложи од видеата да се гледаат и само интервали наместо цели, за економичност во судската постапка.

Обвинети во овој случај се десет лица: Кире и Цејо Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

цук пожари

Во изминатото деноноќие регистрирани 22 пожари на отворено, осум сè уште се активни

Вкупно 22 пожари на отворено биле евидентирани во последното деноноќие, а од нив утрово се …