Во кругот на болницата одбележан празникот Св. Пантелејмон – заштитник на болните и патрон на лекарите

Во кругот на болницата одбележан празникот Св. Пантелејмон – заштитник на болните и патрон на лекарите

Докторите, медицинскиот персонал и другите вработени од прилепската болница „Борка Талески“ и оваа година традиционално во кругот на болницата го одбележаа денешниот христијански празник Св.Пантелејмон, заштитник на болните и лекарите.

Настанот се одбележа со божествена литургија во црквата Св.Пантелејмон во кругот на болницата, на која покрај докторите, медицинскиот персонал и менаџментот на болницата, многуте верници, присуствуваа и градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски и претседателот на Совет, Миле Талевски.

Неколку години наназад, одделенијата од прилепската болница практикуваат секоја година различо одделение да биде домаќин на настанот. Оваа година домаќин беше одделението за физикалана терапија, додека, пак, за идната година тоа ќе биде инфективното одделение „Кирил Гагалески“. Д-р Весна Дабеска – специјалист инфектолог при инфективното одделение, им посака многу здравје на граѓаните, на верниците, докторите и сите други кои се грижат за здравјето на пациентите, при што истакна дека традицијата ќе продолжи и понатаму.

Прочитајте повеќе

Притисок за да функционира државата

Притисок за да функционира државата

Од стотици регистрирани граѓански или невладини организации, здруженија, фондациии, малку се оние кои  чиј „збор …