Пишува: Сотир Габелоски

Лагите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Крушево и крушевскиот градоначалник излегуваат на површина баш кога им е најмалку потребно.

Покрај сите ветувања дека ќе се отвораат погони, нови работни места, во индустриската зона “Опаленик” само што не почнала изградба на објекти за работа, подобрена економска состојба… на крајот останува само бруталната вистина. А таа е дека граѓаните, особено младите, продолжуваат да се иселуваат од Крушево, дека оние што останале ги губат работните места, дека спортските обложувалници се полни а криминалот цути.

Ѓорѓи Дамчески и крушевското ДПМНЕ не само што не ги исполнија ветувањата, туку ја уназадија Општината. Крушевчани живеат во страв, работа нема.

На само неколку денови до изборите вработените во погонот за текстил “Орка”, кој изминатиов период работеше на облека со обележјата на владејачката пртија, сериозно се уплашени за своите работни места, за својата мизерна плата на работно место кое не знае за почеток и крај.

Меѓу вработените во “Орка“ во Крушево се шушка дека до крајот на годинава фабриката ќе се затвори. Фамилијата Камчеви стана сопственик на текстилниот погон, откако претходниот газда Коста Моцан му ја предаде неговата фирма „Голд текс“ заедно со тогашните 65 вработени. Се разбира, градоначалникот Дамчески и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крушево Нико Чонески, не ја пропуштија шансата да се фотографираат со новиот сопственик.

Треба да се каже дека преземањето на фирмата од страна на новиот сопственик медиумите блиски на власта го претставија како проект со кој ќе се вработат 200 до 250 работници и дека ќе биде отворен уште еден погон. Изминаа две години, а во текстилниот погон работат 75 лица. Не само што ветената бројка од 250 вработени беше ноторна лага, туку според вработените, постои опасност на фабриката да биде ставен катанец.

Според сведоштва на вработените, за пониска плата од минималната во “Орка“ се работи прекувремено, без почитување на работничките права, без почитување на човечкиот живот. За многу крушевчани Орка претставува хорор за вработените, кои мораат да трпат бидејќи немаат алтернатива.

Што се однесува до ветувањата на Дамчески кој и за текстилниот фабрика “Фалко” ветуваше отворање на нов погон и нови работни места, тие се веќе прочитани и крушевчани не веруваат во нив. Бруталното лажење на Дамчески е само најава за она што ДПМНЕ ќе го снајде на 11.декември и некој месец подоцна на локалните избори.