Во Крушево по 10-ти пат ќе се одржи П.С. Гитар фест

Во Крушево по 10-ти пат ќе се одржи П.С. Гитар фест

Од 18 до 20 јули, во Крушево ќе се одржи десеттото јубилејно издание на П.С. Гитар Фест, започнат од Христо Христоски – Мулар, а втора година организиран од неговиот син, Перо Мулар.

Настанот содржи солистички концерти на познати македонски и балкански гитаристи и музичари:

18.07.2019: Васко Пилиќев и Таќи Дробаров, Дом на култура „Наум Наумовски Борче“, почеток 20:00ч.

19.07.2019: Бојан Ивановски Fingerstyle (Srb), Спомен куќа „Тодор Проески, почеток 20:00ч.

20.07.2019: Владимир Четкар, Секстет, Градски парк Крушево, почеток 20:30ч.

П.С. Гитар фест е поддржан од Општина Крушево, Министерство за култура и НЛБ банка.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …