Во Македонија поради загадувањето се умира двапати побрзо од земјите во ЕУ

Во Македонија поради загадувањето се умира двапати побрзо од земјите во ЕУ

Загадувањето на воздухот е причина за едно од пет предвремени умирања во 19 града во Западен Балкан, меѓу кои се опфатени Скопје, Тетово, Битола и Велес, покажува извештајот „Загаденоста на воздухот и здравјето на луѓето: случајот Западен Балкан“,

Вкупниот број на предвремени умирања директно поврзани со загаденоста на воздухот во градовите од Западен Балкан е речиси 5.000 годишно. Во седум од проучуваните градови, загадувањето на воздухот е одговорно за најмалку 15 проценти од предвремените умирања, а во Тетово дури за 19 проценти.

Според извештајот, економските и индустриските структури во регионот се надградени, но мора да бидат значително подобрени политиките за контрола на загадувањето на воздухот.

„Главните извори од емисиите на ПМ-10 честичките во Северна Македонија се греењето на станбени објекти (46 проценти), индустриските процеси (главно производство на феролегури) (22 проценти) и производството на енергија (11 проценти) – Скопје, Тетово, Битола и Велес. Слично на тоа, главни извори на емисии на ПМ-2,5 честичките се греењето на станбените објекти (58 проценти), индустриските процеси, главно производство на феролегури, (20 проценти) и производството на енергија (6 проценти) (МЖСПП, 2008)“, се вели во извештајот кој го цитира Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Мета“ пишуваше дека според Светската здравствена организација стапката на смртни случаи како резултат на загадувањето на воздухот на 100.000 жители, во Македонија изнесува 125 наспроти 65 во Европа, во 2016 година.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Европска (не)перспективност пред посетата на Урсула фон дер Лајен

Европска (не)перспективност пред посетата на Урсула фон дер Лајен

Најавата за посета на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен на Северна Македонија …