Во Македонија работната седмица трае подолго од каде било во ЕУ (инфографик)

Во Македонија работната седмица трае подолго отколку во која било земја-членка на Европската унија, а по бројот на работни часови седмично, земјава е втора на Балканот. Седмично во Македонија се работи 42,3 часа, а просечната работна недела во земјите на Европската Унија трае 40,3 часа, покажуваа податоците од Еуростат за 2017 година.

Во Европската Унија, најдолга работна недела има во Обединетото Кралство – 42,1 часа, а најкратката е во Данска, во која се работи помалку од 37,88 часа неделно.

Во регионот, пак, најдолго се работи во Црна Гора – 43,6 часа неделно, потоа во Македонија, по што следува Грција, со 41 час. Во Хрватска работната седмица изнесува 40,4 часа, во Словенија – 40,9 часа, исто како во Бугарија.

И додека во ЕУ се борат за што пократка работна седмица, со-основачот на „Алибаба“, кинескиот мултимилијардер Џек Ма, продолжува да се бори за 12 часовна работна седмица, со шест работни денови. Тој порача дека без таква работна седмица, кинеската економија ќе ја загуби виталноста. Во Кина голем број медиуми го критикуваа неговиот тн. систем „996“ (работење од 9 наутро до 9 навечер, 6 дена во седмица).

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Задолжителна стерилизација, гробишта за миленици, полиција за животни – новиот предлог закон влезе во Собрание

Законот подолг период го изготвуваа здруженија за заштита на животни во соработка со пратеници, а …