Бомбардирањето на Чернихив

Во Мариупол заробени 100.000 жители во ек на борбите, се трупаат нови сили на украинско-белоруската граница

Уличните борби во центарот на пристанишниот град Мариупол продолжија, додека Русија паралелно го гранатира градот. Би-би-си ја пренесува изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во која тој наведува дека во градот се заробени околу 100.000 жители без храна, вода и греење. Во текот на вчерашниот ден 7.026 жители на Мариупол биле евакуирани од градот.

Во меѓувреме, Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека руски и белоруски воени возила се придвижуваат и акумулираат на украинско-белоруската граница, јавува Укринформ. Веќе подолго време Украина ја предупредува Белорусија да не се вклучи во воената агресија на Русија.

Изминатава ноќ руските сили гранатирале два реона на Киев, при што биле оштетени трговски центар, висококатници и станбени згради. Вчера вечер била погодена железничката станица во Павлоград, при што едно лице го загубило животот, а инфраструктурата била уништена.

Во Донецкиот регион на југоистокот, Укринформ информира за најмалку тројца загинати цивили, меѓу кои и 14-годишно момче, во рамките на рускиот воен напад.

На северот на земјата, градоначалникот на Чернихив, Владислав Атрошенко ги обвини руските сили дека намерно гаѓаат по цивилни и инфраструктурни објекти во градот којшто е опколен. Тој додава дека само 50 отсто од цивилите успеале да го напуштат градот.

Украина денеска ја обвини Русија дека ја уништила централната аналитичка лабораторија во нуклеарната централа Чернобил, која преработувала радиоактивен отпад, пренесува Би-би-си.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Ќе ги оставиме Израелците да зборуваат за тоа. Ние не сме вклучени во нивниот процес …