Во Небрегово отворена реновираната училница во која Блаже Конески учел во прво одделение

Во Небрегово отворена реновираната училница во која Блаже Конески учел во прво одделение

Во рамки на Отворените денови, а под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски, Институтот за македонски јазик денеска организираше посета на Спомен-домот на Блаже Конески во Небрегово.

Покрај претседателот Пендаровски, со свои излагања пред присутните се обратија и претседателката на Отворените денови на ЈНУ ИМЈ „Крсте Мисирков“ – Скопје, д-р Елена Јованова – Грујовска и проф. д-р Људмил Спасов, кои уште еднаш го потенцираа придонесот на Конески во кодификацијата на македонскиот литературен јазик и неговото значење за македонската книжевност.

На денешниот настан на кој беше отворена реновираната училница во која Конески ја посетувал наставата во прво одделение, присуствуваа и министерката за култура, Ирена Стефоска, градоначалниците на Прилеп и Долнени, Илија Јованоски и Џемил Ќамили и поголем број други гости.

По повод 100-годишнината од неговото раѓање, Владата ја усвои Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, со што нашата земја и официјално се приклучи кон одлуката на Генералното собрание на Обединетите нации, оваа 2021 година да ја прогласи за Меѓународна година на мирот и довербата. Денешниот настан беше уште една можност да му се оддаде почит на истакнатиот македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет и есеист, книжевен историчар, филолог и професор на Филозофскиот факултет, Блаже Конески.

Прочитајте повеќе

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го изгласа Планот за раст за Западен Балкан, што е досега најамбициозниот финансиски …