Во недела кај прилепско Лагово се одржува државното првенство во мотокрос

Во недела кај прилепско Лагово се одржува државното првенство во мотокрос

Во недела, со почетокот од 10.30 часот, во организација на прилепскиот клуб „Скај рајдерс“, на мотокрос патеката во Лагово во близина на Прилеп, ќе се одржи Отвореното државно првенство на Македонија „Сторм рајдерс“.

Според Златко Спиркоски, организатор  на мото трката, досега се пријавени триесетина учесници од Македонија, Бугарија, Србија, а најавени се и гости од Грција. Трката ќе се одржи во четири категории: МX1, MX2, MX3 и OPEN класа. На најдобрите учесници организаторот ќе им врачи награди и признанија.

Мото трките на патеката кај прилепското село Лагово, се одржуваат шеста година по ред. Клубот „Скај рајдерс“ посветено работи на промоција на бројни спортови, коишто придонесуваат Прилеп да биде значајна дестинација на спортската мапа во регионот, а со тоа да се развива и туризмот во градот. Мото крос трката се одржува со поддршка на Општина Прилеп и градоначалникот  Илија Јованоски.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …