Во Охрид почнува Преспа форум дијалог

Во Охрид почнува Преспа форум дијалог

Денеска во Охрид почнува Преспа форум за дијалог кој ќе го отвори претседателот Стево Пендаровски. На првата сесија на високо ниво ќе говорат и претседателите на Словенија Борут Пахор, на Хрватска Зоран Милановиќ, на Косово Вјоса Османи – Кадриу и претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.

Гостин на Форумот е и претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, кој вчера во Охрид имаше средба со македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе ја отвори сесијата на тема „65 години по Римскиот договор: Дали Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана?“. На панел сесијата предвидено е учество и на премиерите на Србија Ана Брнабиќ, на Косово Албин Курти, Мајлинда Брегу, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка, Матео Бономи експерт за економија од Меѓународниот институт во Рим.

Форумот ќе биде фокусиран врз последиците од војната во Украина врз стабилноста на Западен Балкан и проширувањето на ЕУ и на него ќе учествуваат и шефовите на дипломатиите на Австрија, Турција, Хрватска, Полска и Словачка, како и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …