Во петок и сабота, во ЦК „Марко Цепенков“ концерти на КУД „Мирче Ацев“ и КУД „Моминок“

Во петок и сабота, во ЦК „Марко Цепенков“ концерти на КУД „Мирче Ацев“ и КУД „Моминок“

Во петок, 19.10.2018 година со почеток во 20 часот, во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“, концерт ќе одржи КУД „Мирче Ацев“. На овој традиционален концерт ќе настапат сите членови на друштвото кое 77 години ја негува фолклорната традиција. На концертот ќе бидат изведени ора од богатиот репертоар на друштвото, со што и овојпат ќе биде претставен богатиот македонски фолклор.

КУД „Мирче Ацев“ има настапувано на бројни фестивали во земјата и во странство, за што е добитник на повеќе престижни награди и признанија.

Следниот ден, сабота 20.10.2018 година со почеток во 20 часот, во истата сала концерт ќе има и КУД „Моминок“. Гости на вечерта се КУД „Трнова“ – Угљевиќ  и КУД „Којчиновац“ од Пучиле, Бјелина, и двете од БиХ.

КУД „Моминок“ е формирано во 2003 година. Работејќи под покровителство на ЦК „Марко Цепенков“, КУД „Моминок“ има настапувано на повеќе фолклорни фестивали, манифестации, собири низ Македонија и во странство.

Прочитајте повеќе

Кривичниот суд ги ослободи Драган Павловиќ-Латас и Стефан Лазаров за подкастот во кој се исмеваше силување

Кривичниот суд ги ослободи Драган Павловиќ-Латас и Стефан Лазаров за подкастот во кој се исмеваше силување

Кривичниот суд Скопје ги ослободи Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров, во чиј подкаст гостинот …