Премиерот Зоран Заев синоќа најави дека оваа недела ќе дојдат канцеларите на Германија, Ангела Меркел и на Австрија, Себастијан Курц како и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

На трибината во Берово, тој истакна дека „тоа што тројца светски државници неделава ќе го посетат Скопје е уште еден позитивен сигнал, признание и поддршка за Македонија“.

– Во среда вечер доаѓа Столтенберг, вторпат во шест месеци, во петок австрискиот канцелар Курц, а во сабота Меркел. Доаѓањето на тројцата светски државници е признание за Македонија, позитивен сигнал. Тие ни подаваат рака за да одиме напред – истакна Заев.

Тој додаде дека „ова е моментот кога заедно со опозицијата треба да се обединиме за европска Македонија“. Заев уште еднаш изрази уверување дека македонските граѓани нема да ја пропуштат оваа историска можност.

Извор: МЕТА