Во Прилеп бројот на активни случаи од Ковид-19 намален на 147

Во Прилеп бројот на активни случаи од Ковид-19 намален на 147

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за периодот од 25 до 31 јануари 2021 година, како и вкупни бројки на заболени и починати од почетокот на пандемијата: 

  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 25 до 31 јануари 2021 година, во општина Прилеп имало 44 нови случаи на Ковид-19;
  • Од последици на коронавирусот починале 4 лица;
  • Бројот на активни случаи изнесува 147; 17 лица се наоѓаат на болничко, 116 на домашно лекување, а 14 се лекуваат во дневната болница;
  • Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 130 лица;
  • Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 4.563;
  • Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 237 лицa.

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …