Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, четврток 9-ти јули:           

  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 2 случаја на заболени од коронавирус, а по еден новозаболен е регистриран во општините Долнени, Крушево и Македонски Брод;
  • Бројот на активни случаи изнесува 58, од кои 42 се наоаѓаат на домашно, а 16 на болничко лекување;
  • На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 15 лица позитивни на коронавирус, тројца од нив се наоѓаат на кислородна поддршка;
  • Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат вкупно 85 лица.