Во Прилеп одбележан Денот на сеќавањето на загинатите руски војници во Првата светска војна

Во Прилеп одбележан Денот на сеќавањето на загинатите руски војници во Првата светска војна

Со оддавање почит, полагање свежи цвеќиња и со панихида за загинатите руски војници од Првата светска војна пред спомен-плочата и крстот на Германските гробишта, денеска во Прилеп беше одбележан 1 август, Денот на сеќавањето на загинатите руски војници во Првата светска војна.

Настанот е во организација на амбасадата на Руската Федерација и здружението на македонско-руско пријателство. Покрај делегацијата предводена од Амбасадорот на Русија во Македонија, Сергеј Баздникин, присуствуваше и делегација на Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет, Миле Талевски, а со свои претставници  учествуваа и Сојузот на борци, Сојузот на Здруженија за руско македонско пријателство – Македонија и прилепското МРД.

Според амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин, Денот на сеќавањето кој се одбележува во цела Русија во чест на загинатите руски војници во Првата светска војна, претставува ден кој е опомена дека проблемите меѓу народите не се решаваат со војна.

Во Прилеп одбележан Денот на сеќавањето на загинатите руски војници во Првата светска војна„Првата светска војна беше голема трагедија за сите земји кои учествуваа во неа и сметам дека поуката која ја извлековме од таа војна, е дека треба преземеме се’ што можеме да оваа трагедија никогаш повеќе не се повтори. Денеска им оддаваме почит на сите загинати и на руските војници кои загинале на територијата на вашата земја кои на број се 5.000. Сметаме дека треба да сме доволно мудри да во иднина тоа никогаш не се повтори“ посочи амбасадорот Сергеј Баздникин.

 

Во Прилеп одбележан Денот на сеќавањето на загинатите руски војници во Првата светска војна„Денеска е 1-ви Август, Денот на сеќавање на загинатите руски војници во Првата светска војна, која остави големи негативни траги. Денешниот настан нека биде порака или предупредување дека не сакаме да ни се повторат ниту  Првата, ниту Втората светска војна. Сите недоразбирања, конфликти, без разлика дали се меѓудржавни, национални, меѓусоседски, да се решаваат на мирен начин, преку дијалог, меѓусебно почитување, соработка и сите заедно да одиме во Европа затоа што тоа е иднината на сите нас“, истакна градоначалникот Илија Јованоски.

 

 

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …