Во Прилеп одбележан Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот

Во Прилеп одбележан Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот

Во рамките на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, ООУ „Климент Охридски“ и асоцијацијата „Ластовица“, денеска на градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“ го одбележаа Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот.

Како што рече дефектологот Светлана Миоковиќ-Томеска, целта на денешниот настан беше да се поттикне инклузијата на лицата со аутизам во секојдневното живеење, при што потенцираше дека бројот на лица со аутизам на светско ниво, е во пораст.

Во Прилеп одбележан Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот„Стигмата и предрасудите се се’ уште присутни за овие лица, како различни од нас, но од година во година со различни кампањи се подигнува свеста на јавноста.  Со овој настан се вклучуваме и во настанот за одбележување на Европската
асоцијација за аутизам, за одбележување на неделата на лицата со аутизам.
Чекор по чекор, секоја година инклузијата на овие лица се’ повеќе се поттикнува. Бројот на лица со аутизам на светско ниво е во пораст, а сините балони кои беа дел од оваа манифестација, односно сината боја, е заштитна боја на лицата со аутизам“, изјави Миоковиќ-Томеска.

Во Прилеп одбележан Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот

Јулијана Талеска, наставничка по Македонски јазик и волонтер во асоцијацијата „Ластовица“, рече дека е многу важно да се укаже дека ваквите лица постојат, но дека малку поинаку функционираат.

„Процесот на нивно вклопување во образовниот систем не е едноставен, не е лесен, пред се’ за самите деца, за наставниците, но со тек на време со помош на дефектолози, на програми и стекнување искуство, работите можат да бидат многу подобри“, вели Талеска.

Во ООУ „Климент Охридски“ постојат паралелки за ученици со посебни потреби, но во редовна настава се вклучени 4 деца со аутизам, од кои две се со придружник, а две функционираат со ученик ментор.

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …