По повод 98 годишнината од раѓањето на Блаже Конески, денеска пред неговиот споменик на платото пред ЦК „Марко Цепенков“, цвеќе положија градоначалникот Илија Јованоски, претседателот на општинскиот Совет, Миле Талевски и претставници на основното училиште од градот, кое го носи името на кодификаторот на современиот македонски јазик.
Претпладнето, учениците и вработените од ООУ „Блаже Конески“ ја посетија родата куќа на Конески во с.Небрегово, каде имаа литературно читање.
Блаже Конески е роден на 19 декември 1921 г, а почина на 7 декември 1993 г. Тој е истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик – прв претседател на Македонската акадамија на науките и уметностите (МАНУ), поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје.