Во Прилеп одржана 9-тата изложба на уметнички фотографии „Јордан Зазоски-Зазо“

Во Прилеп одржана 9-тата изложба на уметнички фотографии „Јордан Зазоски-Зазо“

Во организација на Фото кино клубот „Прилеп“, синоќа во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ се одржа традиционалната 9-та по ред изложба на уметнички фотографии „Јордан Зазоски-Зазо“.

На изложбата учество зедоа 60 автори од ФКК „Прилеп“, со исто толку фотографии.

ФКК „Прилеп“ брои околу 200 членови, од кои активно работат 80, првенствено млади ентузијасти.

Прилепскиот Фото кино клуб спаѓа во најактивните клубови во државата и еден од ретките, ако не и единствениот кога е во прашање оваа уметност, кој може да се пофали дека посветува внимание и им дава шанса на младите да ја покажат својата креативност.

Прочитајте повеќе

Годинешниот, јубилеен Егзит ќе биде последен во Србија

Годинешниот, јубилеен Егзит ќе биде последен во Србија

Фестивалот Егзит објави дека годинешното, јубилејно 25 издание ќе биде последно што ќе се одржи …