Вчера во Прилеп, во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, во организација на Џудо федерацијата на РСМ а со техничка поддршка наЏК „Сеишин“, се одржаа Државни првенства за пионери и пионерки, како и сениори и сениорки.
На првенствата на кои учество зедоа околу 160 натпреварувачи, ЏК „Сеишин“ настапи со вкупно 24 џудисти кои освоија 15 медали: 2 златни, 7 сребрени и 6 бронзени.
Пионери:
1. Борис Џагадуроски кат.-38 кг. 1 место
2. Андреј Мирчески кат.-38 кг 2 место
3. Даниел Каралиоски кат.-34 кг. 3 место
4. Никола Магдески кат.-55 кг. 1 место
5. Сеадин Ристемоски кат. -66 кг. 2 место
6. Михаил Димоски кат. -73 кг. 3 место
7. Андреј Сотироски кат. +73 кг. 2 место
Пионерки:
8. Теа Настоска -32 кг. 2 место
Сениори:
9. Антонио Талески кат.-73 кг. 3 место
10. Кристијан Тошески кат. -100 кг. 3 место
11.Марио Цинцароски кат.+100 кг. 2 место
12. Јован Најдоски кат. +100 кг. 3 место
Сениорки:
13. Теодора Димеска кат. 48 кг. 2 место
14. Марија Талеска кат.-48 кг. 3 место
15. Александра Најдоска кат.+78 кг. 2 место.
Согласно заклучоците на Владата, а по препорака на Министерството за здравство, државните првенства се одржаа без присуство на публика.