Во Прилеп означен почетокот на изградбата на ИКТ Центарот

Во Прилеп означен почетокот на изградбата на ИКТ Центарот

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, амбасадорот
на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, министрите за внатрешни работи, за
финансии и за транспорт и врски, Оливер Спасовски, Драган Тевдовски и
Горан Сугарески, како и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски
присуствуваа на денешниот настан на којшто беше означен почетокот на
изградбата на Информатичко-компјутерско технолошкиот (ИКТ) центар за
опоравување од катастрофи и обезбедување континуитет на работа.

Премиерот Заев, рече дека зачувувањето на податоците и нивното складирање
на безбедно место, е важно за секој од нас, а особено кога станува збор за
податоците што се од национален интерес. Затоа, како што истакна
македонскиот премиер, почетокот на изградбата на ИКТ центарот со помош на
пријателите од ЕУ, е од огромна важност за државата.

Во Прилеп означен почетокот на изградбата на ИКТ Центарот„Моето задоволство е уште поглемо, имајќи предвид дека овој Центар е прв од
ваков вид во регионот. Центарот ќе биде резервна база за клучните информациски системи во земјава, односно ќе гарантира дека тие ќе функционираат доколку од какви било причини е загрозена работата на примарниот информатички државен систем. Тој ќе ги зачува податоците во
случај на природни катастрофи, или катастрофи предизвикани од човечки фактор. Договорот за негова изградба беше потпишан во декември минатата година и еве, за само неколку месеци, стартува неговата изградба. МВР ќе биде краен корисник на можностите на Центарот, но тој ќе прерасне во национален ресурс и ќе служи за потребите на повеќе државни институции“, рече премиерот Заев.

Во Прилеп означен почетокот на изградбата на ИКТ Центарот

Тој додаде дека со изградбата на ИКТ центарот, државата покажува дека се
грижи за безбедноста на личните податоци на граѓаните и дека обезбедува
функционални институции, кои се сервис за граѓаните. Премиерот Заев
потенцираше дека ова е уште еден доказ, за желбата и волјата на пријателите
од ЕУ да и’ помагаат на нашата држава.

Во Прилеп означен почетокот на изградбата на ИКТ Центарот

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар, рече
дека му претставува особено задоволство што се наоѓа овде, на чинот на
означување на почетокот на проектот, со двојна улога.

Во Прилеп означен почетокот на изградбата на ИКТ Центарот„Прво, соодветно чување на податоците кои се важни за функционирање на
институциите и второ, капацитет кој ќе овозможи опоравување од секаков
обид за нивно компромитирање. Овој проект е одговор на очигледниот
проблем со безбедноста на податоците, во контекст на модерното време, што
може да резултира со значителен прекин во работата. Токму затоа, ЕУ одлучи
да му помогне на МВР, да ги заштити своите податоци со изградба на овој ИКТ центар. Вкупната инвестиција изнесува околу 10 милиони евра“, рече во
своето обраќање, амбасадорот Жбогар.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, потенцираше дека
очекува ИКТ центарот за опоравување од катастрофи и обезбедување на
континуитет на работа, да биде изграден до крајот на годинава.

Во Прилеп означен почетокот на изградбата на ИКТ Центарот„Со изградба на овој објект, кој е од исклучителна важност како за МВР, така и
за другите државни институции, сакаме да бидеме подготвени да обезбедиме
функционирање на виталните информациски системи, во случај на
онеспособување на примарниот информатички систем, поради природни или катастрофи предизвикани од човечки фактор. Изградбата на ИКТ центарот ќе биде според најсовремен терк, со што ќе бидат испочитувани сите меѓународни стандарди, кои се однесуваат за објект од ваков вид. Ова е прв случај на изградба на ваков центар во поширокиот регион. Горд сум што тоа се прави овде, во Македонија и во Прилеп, за да покажеме колкава е важноста на
Прилеп за Република Македонија. Сакам да му се заблагодарам на градоначалникот Илија Јованоски и на советниците во Советот на Општина Прилеп, кои што во континуитет ја поддржуваа целата постапка за изведување на оваа капитална инвестиција“, нагласи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Според планот изградбата на ИКТ центарот, ќе заврши до крајот на ноември.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …