Во Прилеп прославен денот на бакалите

Во Прилеп прославен денот на бакалите

Градоначалникот Илија Јованоски и претставници на Советот на општина Прилеп, денеска присуствуваа на божествена литургијата во црквата „Св. Благовештение“, каде се одбележа празникот „Свети три светители“, којшто е познат како патрон празник на бакалскиот еснаф во општината.

Прилепските бакали, дуќанџиите и трговците од градот, веќе 60-тина години ја одржуваат традицијата на прослава на празникот, на начин што после црковната литургија, се збираат на заедничка трпеза и со дружба го одбележувааат патрон празникот. Имено, според нивните кажувања, ваквото традиционално славење на Денот на бакалите, се практикува уште од далечната 1954. година, а ќе продолжи и во годините што следат.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …