Во Прилеп рекордни 38 новозаболени и двајца починати од коронавирус

Во Прилеп рекордни 38 новозаболени и двајца починати од коронавирус

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, среда, 21 октомври:        

  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 38 нови случаи на коронавирус, а 13 лица оздравеле од заразната болест;
  • Од последици на коронавирусот, починаа две лица на 75 и 78-годишна возраст;
  • Бројот на активни случаи изнесува 237, од кои 201 се наоѓаат на домашно, а 36 на болничко лекување;
  • Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 594 лица;
  • Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 973.

Поради зголемениот број на случаи на коронавирус во општина Прилеп, градоначалникот Илија Јованоски за утре, четврток 22 октомври во 11:00 часот, закажа седница на Општинскиот кризен штаб.

Прочитајте повеќе

РКЕ разгледува нов модел за евтина тарифа на струјата

РКЕ разгледува нов модел за евтина тарифа на струјата

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) подготвува анализа на постојниот моделна блок-тарифи и евтината тарифа за …